Какво патничко осигурување треба да купите? - Bits of insurance

Какво патничко осигурување треба да купите?

Кога одите на одмор, организирање на ексурзии или одбирање на ресторан во кој ќе јадете секоја вечер и не е толку обврска колку што е возбудлив дел од патувањето. Но треба уште една работа да имате предвид, која не е толку забавна и можеби потенцијално скапа – патничкото осигурување. Прашањето какво патничко осигурување да купите се поставува постојано и никогаш нема да биде до крај одговорено. Во суштина, може да биде многу комплицирано.

patnicko

Авионските компании и  early booking агенциите им нудат на многу патници полиси кои вистински не покриваат сѐ што би требало. Истите заработуваат од провизијата од продажбата на патничките полиси. Ова додава најмалку 8 проценти на цената на чинење на билетот. Тоа не е добро, и поради слабата покриеност, полиси како онаа за изгубен багаж најверојатно не вредат онолку за колку што се наплаќаат. Имајќи го тоа предвид, ако патувате со предмети од вредност, добро би било да купите полиса за изгубени или оштетени предмети за секој од нив поеднинечно. Ако планирате патување на кое носите опрема осигурајте се дека полисата ја покрива вредноста на сите уреди во ваша сопственост. Осигурителните компании може различно да ги дефинираат поволностите и значењето на некои термини, така да бидете сигурни дека разбирате што ви нудат.

Исто добро би било да купите поскапа полиса ако патувате на одалечени недостапни локации, или учествувате во опасни активности како на пример планинарење. Барајте поопфатно патничко осигурување, кое би покривало откажување, задоцнување и изгубен багаж од страна на превозникот. Истото треба да опфаќа и спасување во случај на несреќа и итна медицинска помош.

Важно е да проверите што опфаќа патничката полиса пред да тргнете на пат во странство. Јавете се и прашајте дали се осигурени активностите со кои ќе се занимавате доколку Ви се случи нешто.

Внимавајте на следните детали:

  • Чувајте го патничкото осигурување заедно со личните документи.
  • Носете листа со лекарства кои ги примате.
  • Бидете сигурни дека имате доволна залиха на лекарства доколку примате терапија. Може да побарате од Вашиот лекар да Ви ги препише лекарствата пред време поради патувањето што го планирате.
  • Проверете што покрива патничкото осигурување кое сте го земале.
  • Видете со Вашиот лекар дали нуди услуги на далечина, како телефонски консултации .

Читајте ги ситните букви на Вашите патнички полиси, и добро осмислете го патувањето. Ако резервирате далечен лет или планирате скапо летување, тогаш вреди да се инвестира.

Гоце Илиевски