Колкумина изгубија здравствено осигурување поради Трамп - Bits of insurance

Колкумина изгубија здравствено осигурување поради Трамп

Jennifer Granholm, гласноговорник на демократите, предвиде дека здравственото осигурување ќе ги натера гласачите да излезат масовно на анкетите во Ноември. „Под администрацијата на Трамп, 4 милиони луѓе го изгубија здравственото осигурување“ – изјави Granholm на 19 Август. Претседателот на САД Доналд Трамп и Конгресот преземаа мерки постепено да го ослабнат Affordable Care Act кој им помогна на милиони да добијат здравствено осигурување. Но дали навистина 4 милиони луѓе го изгубија своето здравствено осигурување како резултат на ова?

tramp

Федерални анкети

Некои истражувања се обидоа да го измерат процентот на Американци со и без здравствено осигурување. Две истражувања кои привлекуваат особено внимание се една федерална анкета и анкета на централно-левичарскиот Commonwealth Fund. Според неименувани експерти, најсигурниот индекс за покриеност со здравствено осигурување доаѓа од Националната здравствена анкета (NHIS), програма на Центарот за контрола и превенција на болести. Овие се главните поенти извлечени од оваа анкета: стапката на неосигураност се зголемила за една десетина од еден процентен поен за време на претседателството на Трамп. Ова грубо може да се толкува како 100,000 возрасни кои изгубиле здравствено осигурување од 2016 до 2018. Потоа, стапката на неосигурени возрасни лица останала релативно иста од 2015 до првото тримесечје на 2018. Авторите на оваа анкета забележале дека по зголемувањето на стапката на неосигуреност кај лица кои не влегле во трето доба, стапката се намалила и се стабилизирала.

Commonwealth Fund

Друго истражување доаѓа од  Commonwealth Fund кој припаѓа на централната левица, а ги следи стапките на неосигураност преку анкетни истражувања. Податоците на оваа анкета укажуваат дека еден од пет луѓе биле неосигурани во 2013. Оваа стапка се намалува во последната година од претседателството на Обама како што повеќе луѓе се здобивале со здравствено осигурување. Според податоците на Commonwealth Fund од 2016 навака околу 4 милиони луѓе го изгубиле здравственото осигурување. Треба да се напомене дека моделите на Commonwealth Fund и на NHIS не се индентични. Репрезентативниот примерок на NHIS е многу поголемн од оној на Commonwealth Fund (NHIS – 19,510 луѓе од сите возрасти, наспроти анкетата на Commonwealth Fund – 2,403 возрасни на возраст од 19 до 64 години). Тие различно ја дефинираат групата на возрасни, за NHIS тоа се луѓе од 18 до 64, додека за Commonwealth Fund од 19 до 64. Анкетата на NHIS траеше од Јануари до Март, додека анкетата на Commonwealth Fund од Февруари до Март. Поради поголемиот репрезентативен примерок, повеќе доверба се дава на податоците од анкетата на NHIS. Покрај тоа дури и од Commonwealth Fund сугерираат дека нивните податоци треба да се земат во предвид само заедно со федералните бројки.

Кои се вистинските бројки

Во краен случај, проценката на NHIS дека 100,000 луѓе го изгубиле здравственото осигурување е многу поверојатна и бројките се поиздржани од оние на Commonwealth Fund. Наглото намалување на користењето на здравствените полиси според Affordable Care Act е запрено со зголемување на бројот на луѓето кои се осигурувале преку вработување. Знаејќи го ставот на Трамп за одредени политики на Обама тешко е да се предвиди како би можело да се движи овој тренд.

Автор: Гоце Илиевски