Како осигурителните компании се заштитуваат од кражба на крипто валутата? - Bits of insurance

Како осигурителните компании се заштитуваат од кражба на крипто валутата?

Во време на виртуелнот свет поголемиот дел од нас се запознаени со поимите како c, bitcoin и cryptocurrency.

Blokchainе една сложена база на податоци која е создадена со создавањето на bitcoin во април 2013 година.

kripto

Ги содржи сите податоци и трансакции кои се направени во мрежата, односно се е зачувано на тој сервер. Додека кај оние кои не ја користат оваа технологија има лица со авторитет кои одобруваат дали тие можат да направат било каква трансакција, во овој виртуелен свет има валидатори. Токму тие валидатори кои се вметнати во овие мрежи ги одобруваат сите транскации кои настануваат. Сепак како што се спомна благодарение на создавањето на bitcoin е направена и оваа мрежа. Bitcoin претсавува една од најпознатите крипто валути. Токму поради тоа што се ова се движи во виртуелниот свет колку и да се смета за сигурно со сите шифри кои ги имаат, сепак некогаш има ризик и од тоа системот да биде нападнат.

Затоа едно од најдобрите решенија доколку сте навлезени во се ова е да ја осигурате вашата крипто валута. Без разлика дали е најпознатата bitcoin, или сосема друга треба да се има заштита од ризик, бидејќи загубите можат да бидат големи како што се случи крах на почетокот на годинава.

Светска банка поддржа издавање blockchain обврзници

Иако постојано има некој кој што може да ве уверува дека во она што сте вложиле е сигурно има голем број на хакери на денешницата. Што значи дека доколку некој од нив се реши да направи штета,ќе ја направи без разлика на кој би можело тоа да му наштети. Тие се софиситицрани, кои веќе успеале да навлезат во мрежата и никој и ништо не може да ги запре. Во договор со вашата осигурителна компанија вие ќе добиете сигурност од ризикот кој што го преземате и вид на трансфер кој што би бил доволен да ве заштити од ризикот со кој се соочувате.

Автор: Марија Настова