Патничко осигурување според вашите потреби - Bits of insurance

Патничко осигурување според вашите потреби

Секое патничко осигурување е поразлично од останатите. Можеби во секојдневието тоа не претставува нешто за кое што би размислувале, но тоа е реалноста. Споредете дали оној кој што оди на планинарење и оној кој оди покрај море дали ги има истите ризици? Се разбира дека не, од едната страна има поекстремни ризици, од другата можеби и не толку. Но сепак каде и да одите секогаш ви е потребно патничко осигурување.

road-trip

Што покрива патничкото осигирување?

Патничкото осигирување најчесто ги покрива ризиците и неповолностите со кои што може да се сретнеме при патување. Но секоја осигурителна компанија нуди различни видови на патничко осигурување. Иако најчесто во осигирувањето се вклучени сообраќајни незгоди, или временска непогода, појави кои што не се предвидени.

Доколку сакате да додадете уште нешто плус за кое што компанијата би ве осигурала тогаш тоа можете да го направите во наредните две недели откако ќе го добиете вашето патничко осигирување.

Освен тоа што може да се случи било каква непогода која би влијаела на нас, исто така може да се случи и да ви наштетат доколку имате изнајмено кола. Да некои осигирутелни компании ја покриваат и штетата од изнајмувањето доколку е украдена или оштетена, но треба да се погрижите дека и при изнајмувањето имате платено со правилната кредитна картичка.

Кои се најдобри компании за патничко осигирување на светско ниво?

Доколку патувате често за вашето патничко осигирување може да се погрижат осигурителните компании во нашата земја, но на светско ниво како најдобра агенција се смета Allianz. Имаат планови за осигирување кои траат и до една година, а доколку имате дете кое е малолетно тогаш со добивањето на вашата полиса следува и за вашето дете.

За оние кои уживаат во екстремни спортови најдобра е SafeTrip. Оваа компанија нуди осигирување за незгодите кои може да ви се случат при изведување на некој од екстремните спортови. Се смета како најдобра опција бидејќи поголемиот дел од осигурителните компании ги третираат екстремните спортови на друго ниво. Најголем дел никогаш не ни ги имаат вклучено во нивните понуди.

Автор: Марија Настова