Осигурувањето од автомобилска одговорност: никогаш полесно - Bits of insurance

Осигурувањето од автомобилска одговорност: никогаш полесно

Осигурувањето од автомобилска одговорност , сопственикот, односно корисникот на возилото,ја осигурува својата граѓанско-правна одговорност за штети. Односно ја осигурува употребата на своето возило, во случај на своја вина-одговорност што ќе ја причини кон трети лица. Ова осигурување претставува задолжителен тип на осигурување, неопходно пред да се изврши регистрирацијата на возилото. Во случај на причинетата штета кон трети лица, осигурителната полиса, ќе му ја покрие осигурителната компанија кај што е осигуран автомобилот.

ao

Кои попусти треба да ги побарате кога правите осигурување

Износот на осигурителната премија за автомобилот, како поминуваат години, се намалува. Плус и добива бонус на пресметка за намалување доколку за времетраењето на полисата не  предизвикал материјална или нематеријална штета кон трети лица.  Во случај на предизвикана штета, при следно обновување на полисата, износот се зголемува, без разлика во која осигурителна компанија ќе се направи осигурувањето.

Кои случаи не подлежат на исплата на осигурување

Инаку, мора да се напомене дека законот третира и случаи каде не следува исплата на осигурување. Тоа се однесува на непоседување возачка дозвола, неосигурено возило и управување на возилото под дејство на алкохол.

Постојат и неколку категории кои можат да се дополнат на осигурување од автомобилска одговорност.Полисата може да се дополни и со осигурување од стакла, осигурување на возачи-сопатници, осигурување до одредена сума штета во ситуација на своја вина, итн.

Брзо и лесно: Кои осигурителни друштва нудат он-лајн осигурување за неколку минути

Во Македонија, постојат неколку осигурителните куќи кои веднаш можете да се информирате и да го направите осигурувањето преку он-лајн платформата која ја имаат. Таков е примерот со Триглав Осигурување, кои дал можност за проверка и регистрација на две опции. И тоа првата опција во која можете да прерачунате, сила на мотор, колкав попуст следува, доплатоци, возраст на договарач и попусти. Во втората опција можете да пресметате и здравствено патничко осигурување.

Сава Осигурување е осигурителна куќа која вовела светски новини во работењето и продавањето осигурителни полиси при регистрација на возилото. Сега можете да ја набавите преку нивната веб-продавница.  Со тоа ќе избегнете уште една процедура, пополнување на уплатници, чекање на шалтер. На нивната страница само треба да ги внесете податоците за возилото и со еден клик да ја потврдите полисата. Како и другите онлајн полиси, така и оваа се купува едноставно и брзо, без регистрации, лозинки. Најново е што секој клиент кој е решен да купи онлајн, има помош во живо од осигурителните оператори. На крајот, полисата стигнува електронската адреса на клиентот.

Затоа, на нашите читатели им советуваме да ги следат овие компании, токму поради промените и новините со кои им олеснуваат на клиентите во обезбедувањето на полиси за автоодговорност.

Авторски псевдоним: Атанас Димовски