Колку кошта уривањето на мостот во Џенова - Bits of insurance

Колку кошта уривањето на мостот во Џенова

Запознаени сме со трагедијата во која се урна мостот во Џенова и во која загинаа 43 лица, останаа голем број на повредени, а има и огромна материјална штета. Штетите во човечки животи се непроценливи а осигурителните компании за животно осигурување сеуште немаат излезено со податоци за тоа колку ќе коштаат полисите на жртвите. Но, затоа, веќе излегоа првичните анализи за тоа како штетите ќе се одразат на осигурителните компании за неживотно осигурување и сумите се огромни.

dzenova

Штета на бизнисите

Најголема штета од несреќата се очекува да претпи Италијанската економија. Проценката за ударот на бизнисите се движи околу 600 МИЛИОНИ ЕВРА. Тука спаѓа прекинот на транспортот на материјалите, стоките и благата.  Аналитичарите обезбедија проценка на потенцијалните влијанија на пазарот за осигурување и реосигурување, велејќи дека очекуваат индустриска загуба од околу 400 МИЛИОНИ до дури 600 МИЛИОНИ ЕВРА.

Поддршка во тешки моменти

Една од главните осигурителни компании СВИС РЕ, за италијанската компанија Аутостраде пер Л`Италиа, која управуваше со делот од автопатот каде што се урна мостот, велат: „Веќе соработуваме и ќе продолжиме да го поддржуваме нашиот клиент во управувањето на влијанието на овој трагичен настан врз жртвите и нивните семејства”.Покрај Свис Ре, според аналитичарите, Алианц, исто така, може да се соочи со трошоци од околу 50 МИЛИОНИ ЕВРА, додека за матичната компанија Таланкс на Хановер Реј штетата може да достигне 20 МИЛИОНИ ЕВРА. Многу веројатно е дека и други големи европски (ре)осигурители ќе бидат изложени. Покрај побарувањата за штетата мостовската конструкција, осигурителните куќи исто така ќе треба да се справат и со загубите од прекинот на работата на операторот за патарина,  побарувања од одговорност, барања за осигурување на моторни возила и осигурување на живот. Тука е и прекинот во железничкиот сообраќај кој исто така е многу веројатно дека ќе има свои побарувања.

За осигурителните компании ќе треба малку повеќе време за целосно да ги проценат и исплатат штетите, но во секој случај во делот на материјалната штета ќе го амортизираат ударот. Во секој случај, и покрај лошиот настан, од целата ситуација можеме да извлечеме заклучок дека осигурувањето никогаш не е залудно и сепак помага за полено примање на првичниот удар.

Авторски псевдоним: Гане Ангелов