Школската година започнува! Децата се сигурни? - Bits of insurance

Школската година започнува! Децата се сигурни?

Школската година е на својот почеток, а со нејзе во училиштата се враќаат џагорот, смеата но и можноста за повреди при многубројните детски игри. Но, како секоја година, така и оваа учениците ќе бидат осигурани од незгода.

godina1

Како се бира компанијата осигурувач

Во моментов, изборот на компанија е регулиран на тој начин што детските градинки и образовните институции, прибираат понуди од осигурителните компании. На основ на понудите според премијата и осигурените суми, се одбира најдобрата понуда за осигурување на учениците. Одлуката најчесто ја носи советот на родители по увидот во понудите, по што се потпишува договор со осигурителната компанија која дала најдобра понуда.

Покритие на полисата

Полисата за колективно осигурување на учениците и децата запишани во предуличишните установи, без оглед на нивната моментална или мината здравствена состојба, важи 24 часа на секаде низ државата. Таа ги покрива сите трошоци настанати како последица на несреќен случај (незгода) со вклучени трошоци за нарушена здравствена состојба за која е потребна лекарска помош.

Изготвување на полиса

За да се изготви полиса за колективно осигурување од незгода, мора да има заверен список со основни податоци (име, презиме и ЕМБГ) на децата кои се осигуруваат, по што се прави полисата. Цената се одредува во заивсност од избраинот пакет. Цените на пакетите се различни во зависност од тоа колкави се осигурените суми, и најчесто се клучни при изборот на компанијата од страна на Советот на родители во воспитно-образовната институција.

godina

Користење на осигурувањето

Во случај на повреда од несреќен случај веднаш треба да се јавите на лекар поради преглед и констатирање на повредата. Задолжително е потребно е да се придржувате кон лекарските совети. Штетата можете да ја пријавите по завршување на лечењето, но не подоцна од истекот на полисата. Кога ќе отидете во осигурителната компанија, ќе добиете прецизни насоки кои се потребни документи за пријавување на штета, а најчесто ги имаат објавено и на нивните веб страници. Дисциплинирано следете ги насоките кои Ви се дадени и по комплетирање на целосната документација можете да очекувате исплата.

И не заборавајте. Доколку имате повеќе полиси по повеќе основи, без разлика дали детето е осигурано преку училиштето, некој спотрски клуб, културно уметничко друштво или пак неговите родители му имаат извадено детско штедно осигурување, во случај на незгода, моете да наплатите од сите полиси кои се на негово име!

Авторски псевдоним: Гане Ангелов