Разлики меѓу осигурување и уверение - Bits of insurance

Разлики меѓу осигурување и уверение

Секој кој сурфа по интернет и чита вести или истражува нешто по потреба се има сретнато со зборовите insurance и assurance. Овие 2 збора, во нашиот јазик имаат исто значење, но нивната фукнција е сосема различна во светот на осигирувањето. Што значи додека insurance се држи до своето значење – осигирување, assurance пак значи еден вид на уверение кое го добивате.

Difference-between-life-insurance-and-life-assurance_FreePriceCompare1

Кога веќе напоменавме разлика во нивниот буквален превод, тоа сигурно значи дека тие имаат и меѓусебна разлика при осигурувањето.

Разликата која ги прави сосема две различни работи е тоа што осигирувањето ја покрива штетата која ви е нанесена по случувањето на таа штета, додека под уверение се подразбира дури и да нема штета ако сте дале некој влог вие повторно да го добиете назад она што го имате вложено.

Еден од најдобрите примери за уверение е животното осигирување, бидејќи се става влог кој може да биде и на определено време. Потоа по истекот на определеното време, доколку не сакате повторно да покренете животно осигирување вие добивате одредена сума.

Осигурителните компании во најголемиот дел всушност и ги нудат двете опции.

Свесни се дека потрошувачите често може да се збунат од сличноста меѓи овие два поими па затоа и има лице со кое може да се консултирате. Сепак лицата со кои се консултирате при посета на осигирутелна компанија ви стојат на располагање за било која гранка од осигирувањето да сте заинтересирани и сакате да вложите.

Како и да е, секој влог кој што создава чуство на сигурност е добар влог. Без разлика за каков вид на осигирување се работи, или уверение.

Автор: Марија Настова