Македонија и (не)осигурувањето на велосипеди - Bits of insurance

Македонија и (не)осигурувањето на велосипеди

Според анкетата на граѓанската иницијатива “На Точак” спроведена во Февруари годинава – дури 47{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од велосипедистите во Република Македонија имале искуство со кражба на велосипед.

94{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од испитаниците не успеале да го пронајдат украдениот велосипед, при што околу 65{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од украдените велосипеди се во вредност од 15.000 денари.

velosipedi

Интересен е податокот кој вели дека скоро половина (46{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}) од велосипедите се крадат пред домовите на велосипедистите.

МВР, од друга страна успеале да пронајдат “мизерни” 2{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од украдените велосипеди на територија на Град Скопје.

Велосипедистите со години се огорчени што многу мал дел од осигурителните компании нудат осигурување на велосипеди, бидејќи како што велат тие не сакаат да преземат ризик. Како една од причините велосипедистите ја наведуваат и честата кражба на ваквиот тип превозни средства која се случува во Република Македонија.

Исто така, велосипедистите наведуваат дека нивните велосипеди се скапа инвестиција и од нивен интерес е да бидат осигурани.

Осигурителните компании од друга страна се правдаат дека побарувачката за ваков тип на осигурување во нашата земја е минимална, што е иронично бидејќи истите филијали во земјите од регионот како Хрватска и Словенија веќе имаат воспоставено пракса за осигурување на велосипеди и активно нудат вакви полиси.

Мал дел од осигурителните компании од Македонија нудат осигурување на велосипеди и тоа под “посебни одредби за осигурување на имот”, каде што може да се осигура велосипед како дел од имотот доколку е во вредност до 300 долари.

Велосипедистите години наназад имаат забелешки за условите кои ги имаат :

  • Сообраќајната култура во поглед на овие учесници е на мизерно ниво.
  • Велосипедските патеки не треба да се користат како паркинзи за автомобили.
  • Зголемена полициска контрола за регулирање на сообраќајот и спречување на несреќи.

Во светот долго време овој вид осигурување е воспоставена пракса и осигурителните компании во Македонија треба да се насочат кон осигурување на овој вид превозно средство.

Дали сметате дека е време осигурителните компании да воведат ваков тип осигурување?

Автор: Милан Ристовски