Што сé осигуруваат светските ѕвезди - Bits of insurance

Што сé осигуруваат светските ѕвезди

Секој човек има стапено во допир со осигирување. Дури и најмалите кои започнуваат со своето образование го имаат она минимално осигирување кое го нудат училиштата во договор со осигурителните компании.Од животното осигирување кое е потреба на секој поединец, до неживотно осигурување секој инвестира во нешто.

Но замислете што би се случило доколку целата ваша кариера зависи само од една работа која ја поседувате и одеднаш тоа да исчезне. Тогаш ќе треба да се обидете да живеете друг начин на живот, а навиките не секогаш се менуваат лесно. Затоа голем број од светски ѕвезди инвестираат големи суми токму во она со кое што успеале. Од гласот кој го поседуваат, до нозете, половината и секој дел од нивното тело.За  некој од можеби невообичаено, но еве што дел од нив имаат осигурано.

Џими Дуранте го има осигурано својот нос на 50,000 долари.

Бет Дејвис ја осигурала својата половина на 28,000 долари.

Овие суми кои што се приложени погоре не се ништо во споредба со 600,000 долари со кои Доли Партон ги има осигурано своите гради.

И да повторно се сведе се околу градите бидејќи Мадона ги има осигурано своите на сума која што е скоро 3 пати повисока од онаа на Доли, односно 2,000,000 долари.

Од друга страна пак Ријана смета дека нејзините нозе се нејзиниот најдобар атрибут, иако поседува глас кој може да привлече било кој. За своите нозе се грижи со нејзиниот личен тренер и смета дека нивната вредност е милион долари, иако не би било изненадувачки во иднина да ги осигура на повисока сума.

Покрај Ријана и Хајди Клум се реши на чекорот да ги осигура нејзините нозе, иако во нејзиниот случај таа има изјавено дека едната нога е повредна од другата. Од причина што на едната нога има лузна. Нејзните нозе се осигурани на 2,000,000.

Џејми Ли Картер исто така ги цени своите нозе и воопошто не се размислува кога станува збор за нивната вредност, затоа ги има осигурано на 2,8 милиони долари. Додека пак Тина Тарнер смета дека вредноста на нејзните нозе е 3,2 милиони долари, затоа и го има направено тој чекор.

Доколку и вие сметате дека има некој дел од вашето тело кој што заслужува да биде осигуран тогаш може да се концултирате и да видите дали навистина би вредело да го направите тој чекор. Иако за некој можеби е апсурдно, за други не е. Тоа е начин на живот, и секој кој што е добро информиран може да вложи во било што, па макар тоа да бидат и вашите раце.

Автор: Марија Настова