Осигурување на накит: Случајот со Ким Кардашиан - Bits of insurance

Осигурување на накит: Случајот со Ким Кардашиан

Ким Кардашиан пред точно две години во Франција беше мета на грабеж. Таа престојуваше во хотел во Париз и од неа беше украден накит во вредност од 10 милиони долари. Тоа беше главна вест на сите медиуми ширум земјината топка. Тогаш никој ништо не можеше да потврди за грабежот. Се до моментот кога старлетата излезе со изјава во јавноста со која потврди за начинот на која била ограбена.

Свесна за целата ситуација и за накитот кој и беше отстапен да го носи за модната недела, таа внимаваше со детали во изјавата. Ова се однесуваше на комплицираниот процес на тврдење, каде ќе се докажува со нејзината осигурителна компанија. Во овој случај тоа беше ,,Лојд” од Лондон осигурителна куќа којa е специјализирана за осигурување на мултимилионски накити и дијаманти.

Што советуваат светски познатите осигурителни брокери

Целата ситуација, тогаш стана се позамрсена, особено кога се пристапи кон осигурителната полиса за скапоцениот накит. Според познатата американска специјалистка за осигурување накит, Janece White, таа потенцираше дека во ваков случај мора внимателно да се постапи. Односно, дека се зависи од типот на полисата и што таа покрива.

– Пред да почнеме да зборуваме за накитот, треба да поставиме неколку важни прашања. Дали осигурувањето на накитот го опфаќа целиот свет? Или пак само Америка. Дали патувањето го покрива целото осигурување на скапоцениот дијамант? Дали постојат одредени карактеристики и клаузули  или пак ограничувања додека се патува со накитот? Дали требало да се чува во посебен сеф за безбедност. Дури и да се придржувала кон барањата на полисата, повторно целиот случај е комплициран зошто ќе мора да се докажува, изјави White.

Истото го потенцираше и Heather Perkins, експерт во светот на скапоцените парчиња накит, која дополни дека станува збор за сериозен случај.

– Во светот на ретките скапоцени парчиња, тешко е да се прогнозира за вредност, зошто тие не се достапни. Тешко е да се соберат мислења од експерти кои ја познаваат оваа област. Ова го говорам од аспект, зошто тешко е да замениш уникатен накит со друго исто парче. Дури, не е возможно. Уникатните и ретки предмети тешко е да се заменат со ист вид и квалитет на накит. А тоа е стандардот на повеќето осигурителни компании. Со што тврдењето за вредноста од неколку милиони долари ќе биде тешко за докажување, – децидна е Perkins.

Примерот со осигурување на накитот на Елизабет Тејлор

Начинот на кој Елизабет Тејлор го осигурала познатиот дијамант ,,Тејлор-Бартон” од 69,42 карат, е чист пример за пракса на осигурување. Осигурителната куќа  ,,Лојд” навела дека дијамантот, Тејлор треба да го носи само во јавност 30 дена годишно. Но, не само тоа, туку и мора да пријави за да биде заштитен од чувари, според ,,Лојд”. Ако нешто се случило со дијамантот, а ги прекршило тие услови, таа не би ја добила целосната вредност на нејзиното барање.

Во оваа реална приказна, која и се случи на позната личност од Холивуд, едно е сигурно, никој не е безбеден каде и да се наоѓа. Сепак, за една грижа помалку, може да направи осигурување на работите кои ги поседува. Но, мора да биде свесен за начинот и деталите на осигурување, кога ќе го прави, да ги покрива сите опасности. За да на крајот да биде осигуран, за да не дојде во ист случај како познатата Кардашиан.

Авторски псевдоним: Атанас Димовски