Овие стартапи се иднината на осигурувањето - Bits of insurance

Овие стартапи се иднината на осигурувањето

Новите технологии, како AI, Blockchain, IoT, AR и VR ветуваат целосно револуционизирање на начинот на кој функционира осигурителната индустрија. Ова е одлична можност за многу стартапи, кои во употребата на овие технологии гледаат просперитет.

Една неодамнешна студија од Accenture покажа дека осигурителната индустрија,иако во моментов се соочува со ниско ниво на нарушување, е многу подложна на економски нарушувања во иднина.

Неколку од компаниите што моментално ја “нарушуваат” традиционалната осигурителната индустрија се залагаат полесен пристап до осигурување кое им е потребно на потрошувачите.

startapi

Wrisk

Овој стартап неодамна собра 1 милион фунти од 800 инвеститори преку нивната crowdsurfing кампања.  Wrisk е smartphone апликација која нуди едноставен и алтернативен начин на корисниците да купуваат осигурување за се, од слушалки и автомобили до недвижности.

Ethos

Поддржан од Џеј-З, Вил Смит и Роберт Дауни Џуниор, овој стартап има за цел да го направи животното осигурување поекономично и попристапно. Моментално лиценциран во 49 држави, Ethos  тврди дека корисниците можат да се пријават за 10 минути без лекарски тест, и исплаќањето на побарувањата е во рок од две недели. За да добијат полиса, новите корисници одговараат на четири прашања во врска со : нивниот пол, дали користат никотински производи, како би го опишале нивното здравје и нивниот датум на раѓање.

At-Bay

Овој стартап, концентриран кон сајбер осигурување и управување со ризик нуди осигурителни полиси кои покриваат прекршување (хакирање) на податоци, сајбер-напади, изнудување, финансиски измами, дури и медиумски обврски. Дел од услугите што ги нудат вклучува проценка на ризик и управување со ризици за да се минимизира загубата како резултат на сајбер напади. At-Bay во мај објавија дека собрале 13 милиони долари од crowdfunding кампањи, и моменално располагаат со 19 милиони долари.

Во Македонија има компании кои се залагаат за подобрување на осигурителната индустрија. Една од најиновативните стартап компании, која работи на софтверски решенија за оваа индустрија е Systems for enterprise. Компанијата пред половина година беше добитник на повратен грант од Фонд за иновации и технолошки развој за развивање на софтвер кој ќе ја забрза и оптимизира работата во осигурителната индустрија. Во 2006 година Systems for enterprise беше победник на стартап натпреварот “Get in the Ring” и на “European startup awards”. Тие победија со својот продукт ORM, повеќе околу продуктот може да прочитате на нивниот сајт.

Автор: Милан Ристовски