Запознаени сте со осигурување на посеви и плодови? - Bits of insurance

Запознаени сте со осигурување на посеви и плодови?

Секој кој што е во земјоделската индустрија е најчесто запознаен со осигурувањето на посеви и плодови. Но дали оние кои што сега влегуваат во таа индустриска гранка се? Зошто би требало да бидат?

Секој човек истражува и се едуцира за она осигурување кое му е потребно, па зошто да не се направи и истражување за осигурувањето на посевите и плодовите? Ова е една од најдобрите опции со кои што може секој поединец кој се занимава со ова да си ја обезбеди својата иднина.

Сепак земјоделството во Македонија е една од најзначајните стопански гранки, тука се располага со нешто повеќе од 190 700 хектари земјиште и има регистрирано над 70 илјади земјоделци. Пред се ова е една од подобрите опции во оваа област, бидејќи со вашето вложување вие придонесувате за модернизирање на условите за работа, а исто така и за вашите производи да имаат подобар квалитет.

Секоја инвестиција која е паметно направена носи добивки за сите, како за потрошувачот така и за оној кој се погрижил за тоа да биде со врвен квалитет.

Во Македонија има голем број на култури кои се одгледуваат во земјоделството, а најчесто осигурителните компании нудат осигурување на:

индустриски култури;

-овошни насади;

-лозови насади;

-градинарски култури;

Се разбира дека при осигурувањето покрај тоа што се запознавате со она што може да се осигура, се запознавате и со штетите од кои што вие веќе имате вид на сигурност доколку се решите на овој чекор.

Ризиците од кои осигурителните компании ве заштитуваат се:

-гром;

-град;

-пожар;

Покривањето на овие ризици ги нудат сите компании, но исто така може и сами да побарате дополнително осигирување за пролетен дожд и поплава.

Но доколку не сте во можност за се ова, тогаш можете да ги искористите субвенциите кои ги нуди владата, и со тоа ви дава помош од 60 проценти доколку се решите да добиете помош.

Прочитајте го интервјуто со Надица Јовановска Бошковска – Раководител на претставништво на Европа Ре во Македонија каде што збориме за осигрување во земјоделието.

Автор: Марија Настова