Откриена група Италијанци кои кршеле коски за да добијат оштета - Bits of insurance

Откриена група Италијанци кои кршеле коски за да добијат оштета

Од италијанската полиција ни доаѓа информацијата дека разоткрила две банди кои кршеле коски на волонтери и потоа оштетата од осигурување ја делеле. Членовите на бандите ги бирале “волонтерите” кои воглавно биле криминалци, зависници од дрога, алкохоличари или луѓе кои имале финансиски проблеми.

Во акцијата која ја спроведе полицијата беа уапсени единаесет лица, вклучувајќи и медицинско лице, кое било вклучено во целиот процес.

Откако ќе им ги скршеле коските ги исфрлале на пат во близина на Палермо, жртвата тогаш требала да повика брза помош и да излаже дека доживеала сообраќајна несреќа.

За оваа услуга бандитите на волонтерите им “враќале” 30 проценти од надоместокот, кој понекогаш достигнувал сума од 150.000 евра, но членовите од бандите биле “хумани” сами им давале да одберат која коска сакаат да им биде скршена.

Од полициските изводи се дознава дека жртвите добивале сума од 50 до 100 евра. Имало и случаеви каде што жртвите завржувале во инвалидска количка. Познат е еден случај во кој поради намерно кршење на коска дошло до смрт на жртвата. Тоа се случило во 2017 година, кога поради крварење починал волонтерот од Тунис. И покрај настанатата смрт, членовите на бандата барале оштета од осигурителната компанија за неговата смрт, оставајќи го телото покрај патот.

Ова е само една од многу држави каде што се прави ова. Се надеваме дека и во другите држави ќе откријат овие случаеви и ќе се прекинат.

БОНУС: Како нашите пријатели низ светот го прават ова на свој начин.

https://www.youtube.com/watch?v=f7u_Lk2guOM