Важни информации за сите кои патуваат - Bits of insurance

Важни информации за сите кои патуваат

Иако сезоната на годиши одмори е при крај, никогаш не е на одмет да се знае зошто е битно да се поседува патничко здравствено осигурување. Тоа е на ниво на важност исто колку и пасошот и зелената карта! Многумина го вадат пред патување зошто некој им кажал дека е добро да се има, но иако не знаат што покрива тоа осигурување, сепак не погрешиле.

ЕФТИНА ЗАШТИТА

Цената на патничкото осигурување е прифатлива за секого со оглед на тоа кога би се направила паралела  колку чини осигурувањето и колку би чинело лекарската интервенција доколку би го немале. Цената зависи од времетраење на осигурувањето, осигурените денови но и зоната каде планирате да патувате.  Во Македонија во сите осигурителни компании неговата цена е неколку стотини денари во зависност од траењето и важноста на осигурувањето. Повеќето од компаниите со оглед на попустите кои ги дваат и пакетите кои ги нудат како семејно осигурување, едноставно не оставаат простор за размислување за патување без патничко здравствено осигурување

odmor1

ТРАЕЊЕ И ВАЖНОСТ

Полисата за патничко здравствено осигурување се склучува на одреден број на денови во определен временски период. За да бидете осигурани, патувањето мора да се одвива во во периодот наведен во полисата. Внимавајте секогаш на бројот на осигурени денови наведен во полисата. Доколку сте ги надминале, извадете си ново осигурување затоа што претходното веќе не покрива. Практично, доколку имате полиса со важност од една година со 30 осигурени дена, а Вие веќе сте биле на неколку патувања и сте се задржале вкупно повеќе од 30 дена, извадете си нова полиса. Внимавајте и онаму каде што можеме да ги поминеме границите само со лична карта. Во случај да настане незгода, за да докажете колку осигурени денови поминале, ќе Ви треба извештај од МВР. Затоа, наш совет е секогаш кога ја напуштате државата да го користите пасошот.

ФРАНШИЗА

Франшизата го означува Вашето учество во настанатата штета. Доколку настанатата штета е помала од износот на франшизата, настанатите трошоци ги покривате сами! Токму поради ова, вклучувањето на франшизата не е практично, бидејќи замислете ако трошовите за лекарски преглед се 80€, а франшизата Ви покрива над 100€, тогаш сами ќе си ги сносите трошоците. Едноставно, разликата во цената од 100тина денари, не вреди.

Дали Вас ви затребало  патничко здравствено осигурување и какви искуства имате? Споделете со нас за да Ви дадеме најдобар совет за Вас и Вашето семејство.

Авторски псевдоним: Гане Ангелов