Два пожара претходната ноќ во Скопје - Bits of insurance

Два пожара претходната ноќ во Скопје

Два пожара избувнаа во текот на минатата вечер во Скопје. Причинета е само материјална штета, повредени лица за време на пожарите нема.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, информираат за пожар во Долно Лисиче на улица “12” бр.3. Пожарот зафатил помошен објект и причинета е материјална штета од околу 120.000 денари. На повикот пристапиле пет пожарникари со две противпожарни возила.

Вториот пожар се случил во Чаир, на улица “Христијан Тодоровски-Карпош” број 80. Во пожарот биле зафатена гаражата и помошен објект. Сеуште не е искочено колкава е причинетата штета. На овој повик имаат интервенирано дванаесет пожарникари со четири противпожарни возила. Пожарот во Чаир имал интервенција од час и половина односно од 20:50 до 22:25 часот.

Доколку немате осигурување кое покрива штети предизвикани од пожар ова е потик да направите таква полиса. Не чекајте да се случи штета па потоа да дејствувате, за незначителна сума може да заштедите многу поголема сума.