Американскиот јавен долг и неговиот пораст - Bits of insurance

Американскиот јавен долг и неговиот пораст

Вкупниот долг на САД надмина 21 трилион долари во Март годинава. Секој американски граѓанин може да го следи преку Debt to the Penny кој го прикажува вкупниот јавен долг. Бројките се менуваат секој ден. Две третини од вкупниот американски долг отпаѓаат на јавен долг. Федералната американска влада е задолжена кај купувачите на државни обврзници и други финансиски продукти. Во нив спаѓаат домаќинствата, компаниите, и владите на други држави. Преостанатата третина отпаѓа на меѓувладиниот долг. Трезорот на САД им должи на разни владини тела. Фондот за пензиско и други фондови генерираат најмногу вишок, а федералната влада ги користи нивните вишоци за да ги покрива расходите на други министерства.

Колкав е всушност Американскиот долг?

Американскиот долг е најголем долг во светот што го поседува една земја. Стои рамо до рамо со оној на Европската Унија која е економска заедница на 28 земји членки. Долгот на САД е поголем од нивните приходи во текот на една година. Порастот на односот помеѓу јавниот долг и бруто домашниот производ им кажува на кредиторите дека нешто не е во ред и можеби ќе имаат проблеми со наплата на нивните заеми.

Како Америка стигна до таква презадолженост?

Постојат неколку причини за американскиот национален долг. Прво, долгот се акумулира од федералниот буџетски дефицит. Секоја нова даночна програма и кратење на даноците допринесува до нов долг. Најголемиот дефицит се случи за време на Обама, неговите даночни олеснувања и 800 милијарди долари потрошени во воени цели. Второ, секој претседател има позајмувано од Фондот за социјално. Фондот прибира приходи повеќе од потребното преку високите даноци на плати. Иако овие пари требало да се инвестираат цело време пред обврзниците да се пензионираат, тие се позајмувани од фондот за секогаш покачената јавна потрошувачка. Трето, земји како Јапонија и Кина цело време купуваат американск државни обврзници. Нив не им смета да ѝ позјмуваат на Америка и купуваат од нејзиниот извоз за да ги држат своите валути ниски во споредба со доларот. Четврто, американската влада остана на ниските каматни стапки. Ова е бидејќи купувачите на државните обврзници се сигурни дека САД ќе има економска сила да ги откупи.

Автор: Гоце Илиевски