Зошто осигурувањето е добра инвестиција? - Bits of insurance

Зошто осигурувањето е добра инвестиција?

Како што напоневаме претходно и разјаснивме неколку видови на осигирување, сметаме дека сте заинтересирани да ги дознаете и другите видови и што се може да осигурате.

Секако дека едно од најважните е токму животното кое што се надевам дека веќе поголемиот дел од граѓаните знаат што е и која е неговата улога. Но покрај животното осигурување има и неживотно, односно тука не станува збор за човечкиот живот. Не станува збор за да добиете надоместок при повреда, или да си ги соберете средствата по истекувањето на вашето осигирување. Веќе знаете дека може да осигурате голем дел од вашите работи, без разлика на тоа дали се материјални.  Затоа би сакала да доколку не сте запознаени со останатите видови на осигирување во Македонија да се запознаете со нив.

По животното осигурување нормално дека следува осигурувањето од незгоди. Вие можеби сметате дека процентот за да се случи нешто на вашиот дом е мал, но сепак постои. Затоа за да имате поголема сигурност се разбира дека следниот чекор кој треба да го направите е да го осигурате.

Здравственото осигурување е исто така нешто кое треба да го поседувате. Ги покрива услугите кои не се покриени со задолжителното здравствено осигирување, а на денешницата веќе за ништо не постои тотална сигурност, па затоа сметам дека ова е добра опција за да се заштите сами себе пред се.

Со каско осигурувањето вие може да одберете да заштитите:

-моторни возила;

-шински возила;

-пловни објекти;

-воздухопловни објекти.

Со карго осигурување пак вие ја заштитувате стоката која што ви е во движење, односно во превоз. На тој начин додколку настане некоја штета се тоа ќе го средите на побрз и полесен начин.

Осигирување на брак;

Осигурување на породување;

А доколку патувате често од големо значење би ви било и осигурување на туристичка помош.

Секој од нас се запознава со нови работи секојдневно и секој од нас треба да биде запознаен со можностите на што се може да осигура. Затоа доколку имате некое двоумење најдобро е кога самите ќе истражите и ќе се посоветувате, или пак ќе наидете на некоја ваква статија која што верувам дека би ви била од корист.

Автор: Mарија Настова