Осигурување од сајбер напади: ,,APPLE” последна жртва - Bits of insurance

Осигурување од сајбер напади: ,,APPLE” последна жртва

Пазарот на осигурување од сајбер напади е една од најжешките и една од најкоментираните теми во изминатите неколку години. Кога се говори за овој вид осигурување, мора да се напомене дека јавноста е веќе освестена во врска со ова поле.  Тоа говори дека јавноста знае што да се изгубат најдрагоцените информации, кои биле долго време чувани. А исто така знае и што значи да се изгуби веќе сработената работа и заштитена во серверите на компаниите.

Генерацијата ,,Millenials’’ ги промени работите

Долго време им требаше на големите компании да го разберат овој процес и овој вид осигурување. Меѓутоа, веќе новите генерации не спијат и превземаат акција за заштита. Менаџерите познати како ,,Millenials’’ (родени од 1981 до 1996 година) откако застанаа на лидерските позиции во компаниите, превземаа акција. Тие на постарите членови од Бордот на директори, им го доближија и подетално им ги презентираа значењето на овој потег. Односно, со овој потег, тие ќе ги почувствуваат придобивките од начинот на осигурување од евентуални последици на сајбер напад.

Големите компании не оставаат на случајноста

За ова доволно говори и фактот што голем број американските граѓани кои секојдневно купуваат онлајн, веќе го сменија начинот на размислување. Тие пред да направат трансакција гледаат дали претходно им се осигурани податоците во случај на кражба. Американските фирми ,,Home Depot”, ,,Staples and Tesco”, ,,TalkTalk”, ,,the Тelecoms company”, ,,Equifax’’ и други фирми, за да ги задржат своите клиенти, токму тоа и го направија. Тие решија  направат осигурување на своите клиенти во случај од сајбер напад при купување на нивните сајтови. Токму таков напад на нивните клиенти може да значи да останат без парите на својата сметка. Пак, во најлош случај, во најлош начин да останат и без пензиските заштеди.

Ни ,,APPLE” не е имун од сајбер напади

Пример за ваков сајбер напад е последниот хакерски напад на млад Австралијанец. Тој  со своите 16 години успеа да му влезе во системот на ,,Apple”. Токму за ова информира Австралиски “The Age” и за леснотијата, каде тинејџерот успеал да влезе и да украде 90 GB лични податоци. Тој многу лесно влегол и успеал да влезе до личните профили на корисниците во системот на ,,Apple”.

Од оваа компанија излегоа со соопштение дека иако имало хакерски напад, сепак податоците на нивните корисници не се загрозени.

– Сакаме да ги увериме нашите корисници и клиенти, дека податоците се на сигурно, и имаме заштита. Не треба никој да стравува, податоците се осигурени. Нашите одговорни го детектираа проблемот кој настана и обидот за влез, и веднаш ги информира надлежните органи. Безбедноста е најважна алка во функционирањето на оваа компанија, – изјави од највредната светска компанија.

Со хакерскиот напад од страна на австралскиот тинејџер, се потврди уште една теза. А тоа е сериозноста на ваквите ситуации, кои не смееат да се случуваат на овие големи компании. Поради тоа, трезвеноста кај граѓаните за осигурување на своите лични податоци, од ден на ден се повеќе се зголемува, а со тоа се зголемува и нивната сигурност во дневното он-лајн функционирање.

Авторски псевдоним: Атанас Димовски