Како да го користите Instagram за промоција на вашата осигурителна агенција - Bits of insurance

Како да го користите Instagram за промоција на вашата осигурителна агенција

Популарната социјална мрежа Instagram го привлече вниманието на светската јавност кога Facebook ја купи оваа компанија за 1 милијарда долари. Тоа беше најголема аквизиција на Facebook до тогаш.

Денес  таа е една од најпопуларните социјални мрежи во светот. За разлика од Twitter и Facebook, фокусот на Instagram е исклучиво насочен кон слики и кратки видеа. Во 2018 година, апликацијата за споделување фотографии има повеќе од 800 милиони месечни корисници, скоро двојно повеќе од Twitter.

Оваа социјална мрежа има голем маркетинг потенцијал за вашата осигурителна агенција. Доколку сте подготвени да искористите нова социјална мрежа за промоција на вашиот бизнис, Instagram е вистинскиот избор за вас.

Еве неколку совети за тоа како можете да го користите Instagram за промоција на вашата агенција.

1. Направете квалитетен бизнис профил

Профилот e мал дел од вашата страница, но овој дел е исклучително важен. Повеќе инструкции за изработка на квалитетен профил може да најдете на овој блог.

Вашиот бизнис профил вклучува профилна слика, веб-сајт и био. Овие информации се доволни вашите следбеници иницијално да бидат запознаени со вашата агенција.

2. Бидете интересни

Добра визуелна содржина е задолжителна доколку сакате да се рекламирате преку оваа социјална мрежа. Од исклучителна важност е да објавувате интересни слики и видеа.

Обидете се со ваква содржина на вашиот профил :

  • Слики од вашите вработени
  • Кул работи кои се случуваат во или надвор од вашата канцеларија
  • Инфографици (infographics)
  • Слики или видеа од деловни настани кои ги посетувате или спонзорирате
  • Кратки видеа кои одговараат често поставувани прашања од клиентите
  • Интересни цитати, мемиња или gif-ови

Клучот за привлекување и задржување на следбениците е објавување на слики со емотивна содржина. Важно е да ја хуманизирате вашата агенција и тоа да го претставите.

3. Користете hashtags

Бидејќи визуелната содржина е главен фокус, сликите и видеата го прават најголемиот дел од вашиот профил. Кога пишувате текстуални објаснувања, hashtags се совршен начин да го проширите вашиот досег и да додадете релевантност на вашите објавувања.

4. Поврзете го вашиот профил со Facebook и Twitter

Поврзете го вашиот Instagram со Facebook и Twitter профилите на вашата агенција со што ќе добиете на релевантност. Преку Instagram, можете да изберете дали вашиот пост ќе биде споделен на Facebook и Twitter.

Автор: Милан Ристовски