Lemonade, осигурувањето кое го менува светот - Bits of insurance

Lemonade, осигурувањето кое го менува светот

Што е Lemonade?

Lemonade  е првото и досега единственото осигурување во Америка и светот кое нуди најбрза услуга, веднаш ги исплаќа оштетните побарарувања, и додава социјална димензија на осигурувањето.

Покрај другите предности, за одобрување на апликацијата за издавање полиса не се чека воопшто. Дури и исплатата е за неколку минути. Lemonade е неживотно имотно осигурување кое не зависи од брокери или осигурителни агенти. Клиентите ја добиваат целата услуга преку chat bot и мобилна апликација. Овој вид на технологија овозможува целиот процес да оди преку програм кој ги насочува клиентите кон видот на осигурување кој им треба и премиите кои можат да си ги дозволат.

Како функционира индустријата осигурување?

Постои наследен конфликт на интереси во традиционалното осигурување. Секој дeнар кој осигурутелните компании го исплаќаат е денар помалку од нивниот профит. Кога нешто лошо ќе ви се случи на вас, нивниот интерес е во директен судир со Вашиот. Тој конфликт на интереси доведува до одолговлекување на плаќањата, што ја зголемува недовербата и го прави самиот процес болен и фрустрирачки. Таквиот циклус се повторува, додека премиите растат, а наплатата на оштетата станува кошмар.

Кои се поволностите при користење на Lemonade осигурувањето?

Дел од осигурителните компании заработуваат преку одбивање на оштетни побарувања. Lemonade пак воопшто не се обидуваат да ги одолговлечат или да ги одбијат оштетните побарувања. Тарифата е рамна, а клиентите при купување на полиса можат да изберат каде ќе оди дел од ненаплатената премија од која доброволно се откажуваат. Корисниците на Lemonade со заеднички интереси се обединуваат околу некоја непрофитна организација и донираат во добротворни цели, а за возврат добиваат сѐ пониски трошоци за администрирање.

Lemonade.jpg

Lemonade дава перспектива за нови актуарски модели и нови корпоративни структури. Фактот дека можете да верувате во некоја осигрителната компанија која секогаш исплаќа, создава доверба и е добитна комбинација за сите.

Автор: Гоце Илиевски