Амазон влегува во бизнисот со осигурување? - Bits of insurance

Амазон влегува во бизнисот со осигурување?

Американскиот гигант Amazon е синоним за револуцијата во онлајн тргувањето и е-трговијата. Компанијата секоја година бележи двоцифрен раст и претставува лидер и главен иноватор во полето на трговијата и малопродажбата. Дали влегуваат и во бизнисот на осигурување?

Во изминатиот период се посилни се најавите дека гигантот интензивно работи на лансирање на веб-платфрома за споредба на цени на осигурување во Велика Британија.

GoCompare.com и Comparethemarket.com се најголеми провајдери на ваквиот тип на услуги во Обединетото Кралство. Од Amazon засега не го коментираат влегувањето на овој пазар, иако веќе нудат услуга наречена Amazon Protect. Оваа услуга обезбедува осигурување од незгода на стока за широка потрошувачка. Исто така во изминатиот период Амазон инвестираше во дигитален start-up за осигурување од Индија – Acko Technologies.

Поради шпекулациите за наводен влез на американскиот гигант, акциите на GoCompare.com паднаа за 10,2 отсто изминатата недела.

Осигурителниот сектор во Европа е се поголема мета на преземања

Платформите за компарација на цени во осигурувањето во Европа изминатиов период се мета на инвестиции од технолошките гиганти од Америка. ESure Group Plc е компанија за осигурување на моторни возила од Велика Британија.Оваа компанија претходната недела доби понуда од околу 1,17 милијарди фунти (1,5 милијарди долари) од Bain Capital Private Equity LP.

Alphabet Inc инвестираше 375 милиони долари во Oscar Health. Оваа компанија која користи иновативна технологија што им овозможува јасен преглед на своите клиенти за цената на здравственото осигурување, истовремено овозможувајќи пофлексибилни модели за плаќање на медицинските институции. Verily, компанија-ќерка на Alphabet Inc (во чија сопственост е Google) е во преговори за влез во пазарот со здравствено осигурување, додека Google веќе долго време ја разгледува можноста за партнерства во осигурителниот сектор.

Во неодамнешниот извештај на аналитичката компанија Global Data од април годинава се констатира дека повеќе од 30{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од осигурениците во Велика Британија би купиле осигурителна полиса од големи корпорации како Google, Facebook, Apple Inc. или Amazon.

Автор: Милан Ристовски