Сајбер осигурување - заштита на вашите податоци - Bits of insurance

Сајбер осигурување – заштита на вашите податоци

Технологијата, социјалните медиуми и трансакциите преку интеренет играат голема улога за тоа како денес функционираат многу од бизнисите. Секојдневно корисниците и нивните лични податоци, како и компаниите, се изложени на разни сајбер-закани. Без оглед дали потекнуваат од хакери, криминалци, или дури пак држави, сајбер-заканите може да предизвикаат сериозни штети. Како дел од планот за менаџирање со ризици, компаниите мора да одлучат кои ризици ќе ги избегнат, прифатат, или да ги пренесат. Пренесување на ризикот е делот каде што се вклучува сајбер осигурувањето.

Што е сајбер осигурување?

Развојот на информатичката технологија и активностите во ова поле со себе носат многу нови ризици. Овие ризици се исклучени од традиционалните осигурителни полиси, и истите не се ниту можат да бидат дефинирани во стандарните договорите за осигурување. Сајбер осигурителните полиси можат да покриваат ризици како на пример ризикот од губење или уништување на податоци, изнуда, кражба, или хакирање. Затоа што сајбер осигурителниот пазар во многу држави е неразвиен, тешко е да се измери неговиот импакт на поле на сајбер-заканите. Сајбер осигурувањето почна да се развива во 2005та, со вкупна сума на премии која се предвидува да достигне 7,5 милијарди долари до 2020та.

Какви штети покрива сајбер осигурувањето?

Сајбер осигурувањето типично покрива трошоци поврзани со оштетни побарувања од корисниците на полисите, како и од трети лица. Иако не постои аквизиционен стандард за овие полиси, тие ги покриваат обично следниве трошоци:

  1. Истрага – форензичка истрага е неопходна за да се утврди што се случило, како да се поправат штетите, и како да се спречат идни напади.
  2. Загуби – сајбер осигурителната полиса може да покрива слични штетни, настани, како што се финасиските загуби поврзани со паѓање на мрежата или застојот во работењето.
  3. Известување на корисниците – ова вклучува податоци кои се цел на нападот и известување на корисниците или трети засегнати страни за настанатите штети.

Тужби и финансиска изнуда – ова ги вклучува правните трошоци поврзани со објавување на доверливи податоци или интелектуална сопственост. Често ги покриваат трошоците за спогодбите кои се склучуваат, како и трошоците на сајбер-изнудата, како некој вид откуп.

Автор: Гоце Илиевски