Кризата во Турција се шири на глобално ниво - Bits of insurance

Кризата во Турција се шири на глобално ниво

Падот на турската лира неделава предизвика потреси на глобалниот пазар. Стравувањата од неуспех на владата на Реџеп Тајип Ердоган да се справи со влошената финансиска состојба предизвикаа домино ефект врз другите ранливи земји и нивните валути.

Аргентинскиот песос и јужноафриканскиот ранд беа најпогодени од турбуленциите кои забележаа пад на лирата за 8 отсто во однос на доларот. Овие состојби предизвикаа зголемена побарувачка на постабилни валути како јапонскиот јен, американски долар и швајцарскиот франк.

Притоа, Ердоган со остра реторика ги нападна “економските терористи на социјалните медиуми” и го обвини Доналд Трамп дека и забил “нож во грбот” на Турција и турската економија.

Турскиот претседател истакна дека ова е дел од длабока “операција”  која има за цел да ја турне Турција на колена. Но, инсистирањето на турскиот претседател дека неговата земја ќе го преживее економскиот напад не успеа да ги убеди финансиските пазари кои се повеќе алармираат за можниот колапс на стратешки виталната пазарна економија во развој.

Загриженоста од потенцијалниот пад од 45 отсто на вредноста на лирата оваа година ќе предизвика голем удар за турските компании кои имаат големи позајмици во странска валута, поттикна обновување на продажба на лирата и ги зголеми трошоците за сервисирање на буџетскиот дефицит на Турција. Ердоган инсистираше на тоа дека турската економија е фундаментално здрава и го нападна американскиот претседател за воведување на санкции и удвојување на тарифите за увозот на челик и алуминиум во Турција минатата недела, во врска со домашниот притвор на американски свештеник Ендру Брунсон за спорни обвиненија за тероризам.

Влијанието на состојбите во Турција врз глобалната и домашната економија

 

Трамп објави дополнителни санкции за увоз на турски метал со што односите меѓу двете држави продолжија да се нарушуваат по неодамнешниот притвор на американски пастор Ендрју Брунсон во Анкара. “Нашите односи со Турција не се добри во овој момент”, објави на Твитер американскиот претседател, два дена откако разговорите меѓу американските и турските официјални претставницизавршија без напредок.

Автор: Милан Ристовски