Најдобрите сајтови во осигурувањето според Intechnik - Bits of insurance

Најдобрите сајтови во осигурувањето според Intechnik

Блог страната на Intechnik направи истражување во кое ги избра најдобрите 10 осигурителни интернет страници според начинот на користење, совети и избори во процесот на осигурување. Сигурно, некои ви се познати што сте ги гледале од рекламите на телевизија и интернет. Вреди да се видат десетте осигурителни гиганти, кои го диктираат начинот и стилот на осигурување, а се достапни според нивото на изработка на интернет страницата.

1. New York Life (NYL)

Оправдано на првото место се најде New York Life (NYL). Овој неприкосновен и беспрекорен веб-сајт се позиционира пред сите останати сајтови поради едноставноста на сајтот. Неверојатните наслови, ефективните слики и брилијантноста на сајтот доволно говорат за големата посетеност на сајтот. Овој сајт знае како да ги задржи посетителите на веб-страниците преку неверојатно дизајнирани страници преку кои се раскажуваат одлични приказни. Но, не е само тоа. Посетителите добиваат интуитивна навигација, читливост на текстот, употреба на бои и нагласување на одредени case studies преку кои можат директно да се информираат за идниот потег кој треба да го направат во осигурувањето.

 

2. Concordiaplans

Concordiaplans постојано се наоѓа во врвот и е добро оценет кога станува збор за корисничко искуство. Корисничката-ориентирана информациска архитектура на веб-страницата е базирана на различни кориснички типови, а интуитивната навигација базирана врз чувствата публиката е целосно усогласена. Веб-страницата е дизајнирана да им помогне на корисниците со совети во зависност што им е потребно. Оваа осигурителна страница е во врвот и кај осигурителните маркетинг професионалци како ,,една од најдобрите во индустријата” според за леснотија, избор и совети.

3. Progressive

Progressive е една од страниците која достигнува голема посетеност и поради живее до нејзиното име. Покрај името на сајтот, насмеаниот лик на личноста претставува оптимизам, среќа и ентузијазам. Всушност, среќната жена со нејзината насмевка им помага во изборот на производи за осигурување. Веб-страницата исполнета со информативни и високо визуелни страници со содржина која ги покриваат производите и услугите стратешки поставени повици за акција.

4. Insurify

Insurify претставува брз и едноставен начин на користење на услугите во осигурителната индустрија.Овој веб-сајт нудиле леснотија во изборот на најдоброто авто осигурување со насоки, леснотија и транспарентност. Всушност, единствената причина зошто се најде на оваа листа е поради исфрлувањето на традиционалните страници за осигурување позади себе. Всушност овој сајт ги користи најдобрите техники на прогресивно откривање на се што е потребно за осигурувањето.

5. Lemonade

Секој елемент на веб-страницата на Lemonade им помага на посетителите да направат совршена полиса за осигурување за нивните потреби. Сопствениците на оваа осигурителна компанија ја совладале уметноста на раскажување приказни. Тоа е нивната комбинација која со услугата на Маја ,,ботот со вештачка интелигенција” им одговара на сите пораки. ,,Маја” и стратегиски ги насочува клиентите кон видот на осигурување кој им треба и премиите кои можат да си ги дозволат. Експлозивниот раст на оваа страница за кратко време ќе ја издигне меѓу првите три.

Авторски псевдоним: Атанас Димовски