Осигурувањето на делови од телото: Потреба или тренд кој го наметна Холивуд - Bits of insurance

Осигурувањето на делови од телото: Потреба или тренд кој го наметна Холивуд

Холивудскиот џет сет во 30-тите години од минатиот век, ја започна револуцијата во шоу бизнисот, тогаш на сцена стапи трендот со осигурување на делови од телото. Јавноста ќе се запраша кој ја имаше храброста прв да осигура дел од своето тело, одговорот е Бети Дејвис, американската холивудска икона, носител на два ,,Златни Оскара” за женска улога. Дејвис во тоа време, повлекла потег, кој од денешна перспектива е разбирлив од јавноста, меѓутоа во тоа време бил контроверзен поради начинот на осигурување, што го направила актерката. Таа го осигурала својот тенок струк за неверојатни 30 илјади долари, кои во тоа време биле незамисливи.

Листата е долга: Од музичари и супер модели до спортисти 

Американската поп дива Тина Тарнер ги осигура своите нозе на три и пол милион долари додека градите на скоро еден милион долари. Кит Ричардс, гитаристот на ,,Ролинг Стоунс”, потпиша полиса во случај на повреда на левиот среден прст за сума од скоро 2 милиони долари, што не е рекорд. Американската поп пејачка Ријана пак го осигура своето тело за еден милион долари.

Во делот на топ моделите, тука е Хајди Клум која нозете ги осигура на различни суми само поради тоа што на десното колено има мала лузна за тоа десната нога доби сума од 200 илјади долари, додека левата нога за 2 милиони долари.

Кај спортистите првенец е Дејвид Бекам кој во 2009 година ги осигура своите нозе на 100 милиони долари, а двајцата најдобри фудбалери на денешницата Лионел Меси ги осигура своите нозе со полиса од 550 милиони евра, додека лутиот ривал Кристијано Роналдо доби осигурителна цифра од 110 милиони евра.

Џенифер Лопез и Мараја Кери – ѕвезди кои ги поместија границите на осигурувањето

Холивудската дива која е постојано во врвот на музичката сцена и на филмското платно, латино ѕвездата Џенифер Лопез во почетокот на овој век го привлече вниманието на себе, само поради осигурувањето на задникот кое го направи. Иако цената никогаш не ја откри во јавноста, во медиумите излезе неофицијалната сума од која боли глава. За осигурувањето на нејзиниот најголем „адут“, Џенифер Лопез ќе добие неверојатни 300 милиони долари. Мараја Кери пак официјално стана рекордерка во осигурување на делови од тело и тоа со осигурителна полиса за нејзините нозе во износ од неверојатни една милијарда долари.

Младите ѕвезди го продолжуваат трендот

Надежната кантри пејачка која се префрли во поп водите и стана една од најбараните пејачки, кои имаат свое шоу на ,,Victoria Secret”, Тејлор Свифт ги осигура своите долги нозе на полиса од 40 милиони долари. Тука е и нејзината колешка Мајли Сајрус, која реши да го осигура својот заштитен знак, нејзиниот јазик за еден милион долари.

Авторски псевдоним: Атанас Димовски