Венецуела воведе криптовалута како втора официјална валута - Bits of insurance

Венецуела воведе криптовалута како втора официјална валута

Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро ја воведе криптовалута петро за втора официјална национална валута за да ја спаси својата земја од инфлацијата која зазема голем замав.

Од 20 месецов земјата ќе има две валути, боливар и петро ќе имаат иста вредност која ќе ја одреди Централната банка на Венецуела.

Стабилноста на криптовалутата се гарантира со залихите од нафта. Поголем дел од криптовалутите се потпираат на златото како гарант за стабилност, но Венецуела е по снабдена со нафта отколку со злато.

Валутата е воведена поради тоа што нафтената индустрија користи петро, и истата ќе е поврзана со боливарот.

Меѓутоа, по самата објава на Мадуро следее низа критики од медиумите кои тврдат дека оваа криптовалута не се потпира на нафтата.

За 4 дена ќе стапи на сила истата и ќе видиме дали тоа ќе ја спаси Венецуела од инфлацијата во која се наоѓа сега.