Осигурување на домашни миленици во Македонија - Bits of insurance

Осигурување на домашни миленици во Македонија

Како во светот, така и во Македонија, се почесто семејствата се одлучуваат да имаат домашни милници. Семејствата во кои се чуваат миленици, добро ја знаат врската помеѓу миленикот и човекот. Се почеста е појавата на згрижување / вдомување на миленици кои се напуштени или оставени од своите сопственици, а со цел да се направи и добро дело кон општеството, но и да се најде “партнер“ со кој во домот ќе се внесе ведрина и забава. Скоро и да нема семејство со деца, каде оваа тема не била ставена на дневен ред.

Што опфаќа осигурување на миленици низ светот

Првата полиса за осигурување на животно е издадена пред 130 години, а животно осигурување на животните, компаниите почнаа да издаваат после Втората Светска Војна. Шведска и Англија се на врвот на лисатата по број на осигурени миленици. Осигурувањето на миленици е еден вид на осигурување на имот, иако емоционалната вредност е многу поголема од цената по која сопствениците ги купуваат животните.

Во развиените земји осигурувањето ги покрива сите ветеринарни трошоци,  храната која ја консумира животното додека е на лечење, а покрива и кражба и смрт на миленикот, па дури има и компании кои покриваат осигурување од одговорност од трети лица, во случај кучето да предизвика сообраќајна незгода.

Осигурување на домашни животни во Македонија

Во Македонија иако е мал бројот на осигурителни компании кои нудат осигурување за животни и домашни миленици, сепак постои осигурувањето на домашни миленичиња, но акцентот сеуште е генерално кај добитокот и животните кои се користат за прехранбената индустрија.

Земајќи го во предвид зголемениот тренд на поседување на домашни миленици, зголемувањето на свеста за осигурување кај граѓаните,  но и со самото приближување кон ЕУ, и тука ќе мораме да ги следиме трендовите за осигурување на миленици. Просторот е отворен, останува на компаниите да реагираат со понуди, согласно барањата и потребите на граѓаните.

Авторски псевдоним: Гане Ангелов