Најдобро време за инвестирање во Биткоин? - Bits of insurance

Најдобро време за инвестирање во Биткоин?

Група економисти од престижниот универзитет Јејл смислија техника со која можат да ја предвидат цената на биткоинот со помош на надгледување на однесувањето и флуктуациите на криптовалутата во минатото.

Цената на оваа криптовалута варира помеѓу 6.000 и 9.000 долари во последните неколку месеци, а моменталната цена на еден биткоин е околу 6.350 долари.

Јукин Лиу и Алех Цивински анализираа податоци собрани во период од седум години за да утврдат кои индикатори би можеле да влијаат на цената на биткоинот во иднина. Економистите од Јејл исто така ги проучуваа и криптовалутите Ripple и Ethereum за да забележат дали и тие ги следат истите шеми на промени на цената како биткоинот.

Нивните заклучоци, објавени во Националното биро за економско истражување, тврдат дека биткоинот и останатите криптовалути се целосно независни од акциите, валутите и останатите средства во однос на факторите кои придонесуваат кон промената на нивната вредност.

„Вредноста на криптовалутите може да се предвиди преку фактори кои се специфични за пазарот на криптовалути, но никако не треба да се земаат предвид истите фактори како и на останатите пазари. Постои временски моментум кој треба да се следи за да се предвиди вредноста на биткоинот“, пишува во истражувањето.

Стратегијата која ја развија овие економисти вели дека инвеститорите треба го следат трендот на пазарот на криптовалути. Според нив, најдоброто време за инвестирање во биткоини е она кога вредноста на криптовалутата ќе порасне повеќе од 20{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} во рок од една недела.

Тие исто така предвидуваат дека шансите за тотален пад на вредноста на биткоинот, односно израмнување со 0, е многу мала. Постои само 0,3{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} шанса дека биткоинот ќе доживее толкав пад на вредноста што ќе стане бескорисен и безвреден. Еден инвеститор, според нив, треба да поседува само 1{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} до 6{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од неговата вредност во криптовалути.

Извор: Локално