Комерцијална Банка вработува - Bits of insurance

Комерцијална Банка вработува

Комерцијална Банка Ад Скопје објавува два огласи за работа:

ОГЛАС БР.1

Самостоен стручен соработник за инвестициско банкарство во Комерцијална Банка АД Скопје, 1 (еден) извршител на неопределено работно време.

ОГЛАС БР.2

Самостоен стручен соработник за тргување со хартии од вредност (Брокер) во Комерцијална банка АД Скопје, 1 (еден) извршител на неопределено работно време.

ОГЛАС БР.1

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет или Правен факултет, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Положен стручен испит за инвестициски советник;
  • Со 4 (четири) години работно искуство,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.

Работно време: 40 часа неделно, од 08:00 до 16:00 часот.

Почетна основна нето-плата: 41.050,00 денари.

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk, со назнака: „Oглас за вработување во Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност“.

Лице за контакт: Симона Белимова тел.: 3-168-470

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

ОГЛАС БР.2

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Положен стручен испит за работа со хартии од вредност (брокер);
  • Со 4 (четири) години работно искуство,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.

Работно време: 40 часа неделно, од 08:00 до 16:00 часот.

Почетна основна нето-плата: 41.050,00 денари.

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност“.

Лице за контакт: Симона Белимова тел: 3-168-470

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.