Продаден е старт-ап од Србија за €165 милиони - Bits of insurance

Продаден е старт-ап од Србија за €165 милиони

Србија повторно е актуелна во IT светот, овој пат поради продажбата на Стартап компанијата Frame, која ја откупи Nutanix. Frame е српско-американска компанија којашто е формирана пред шест години. Започна како старт-ап од тројца жители на Ниш кои ја продадоа за 165 милиони долари. Тоа претставува најголема јавно позната аквизиција за еден старт-ап од Србија.

Компанијата која го купи Frame е основана во 2009 година, таа е софтверска cloud computing компанија чија вредност изнесува девет милијарди долари.

Како што е пишано погоре приказната за компанијата Frame започна во 2012 година од тројца жители на Ниш. Прв пат идеата е претставена на јавноста во првата половината на 2013-та како старт-ап под името „Mainframe2“. Во почетокот на 2015 е ребрендиран во Frame (Fra.me).

По самото ребрендирање следуваше најава од сопствениците за нова фаза на работење во компанијата, ширење на корисничкиот круг, но и нови вработување во Србија.

Еден од основачите на компанијата Никола Божиновиќ изјави дека тимот неколку месеци работи на подготвување производи за широка корисничка база. Каде што повеќе од 100 000 луѓе би можеле да ги покренат своите апликации по пат на овој cloud сервис. За кратко меѓу клиентите се најдоа и познати Fortune компании.

Причината за успех на Frame e во тоа што крајните корисници може да ги централизираат своите апликации и да пристапат до нив од било кој компјутер, директно од пребарувачите. Се што е потребно е да имате добра и стабилна интернет конекција. Програмите како Photoshop и AutoCat можете да ги имате секогаш со вас иако не ви е при рака вашиот персонализиран компјутер.

Меѓутоа можно е да се сретнеме со проблем од правен аспект. За голем дел од програмите потребна е лиценца, а преку платформата можат големи фирми, претпријатија, здруженија да користат една иста апликација со една лиценца. Исто така сведоци сме на голем број сајбер напади, па останува да видиме дали ваквата платформа ќе биде интересна за не-етичките програмери? Дали поставувањето на програми кои се прилично скапи би биле мета за нив да би го продавале пристапот до истите за пониска цена?

https://bitsofinsurance.bitnamiapp.com/2018/06/04/juzna-karolina-go-usvoi-zakonot-za-sajber-bezbednost-vo-osiguruvanjeto/