И по катастрофите бројот на полиси е низок - Bits of insurance

И по катастрофите бројот на полиси е низок

Осигурителните компании во Србија укажуваат на фактот дека во Србија осигурувањето на имот е на ниско ниво односно дека бројката изнесува околу 7 проценти.

Од Министерството за земјоделство покажуваат дека временските непогоди кои се случија погодија 21 општина во Србија, оштетени се  голем број станбени објекти, земјоделски поседи, транспортните средства и јавната инфраструктура, пишува порталот на „Kamatica“. Покрај тоа што честопати во последниот период во Србија се случуваат некакви временски непогоди, српските фармери имаат осигурано само 10,5 проценти од земјиштето кое го поседуваат, во овоштарството овој процент е уште понизок.

Ниту ситуацијата со имотно осигурувањето не е многу поразлична, тоа се увиде по големите поплави кои се случија каде што беше кажано дека само 10 проценти од поплавнеите куќи имаат полиси за осигурување.

По поплавите во 2014 година, кога штетата изнесуваше околу 1,7 милијарди евра, забележан е трендот на зголемување на полисата во Србија, но сеуште е на ниско ниво.

Каква е состојбата во Македонија?

Bits of Insurance стапи во контакт со АСО од каде што побара извештај за тоа колку Македонци се осигуруваат од земјотреси, притоа знаејќи дека Македонија е сеизмолошка почва, која има претрпено големи земјотреси, како што е земјотресот кој го разурна Скопје пред 55 години, Земјотресот од пред две година кој беше последица на поплавата која зафати дел од Скопје и уште неколку ширум Македонија.

Од АСО ни ја испратија следнава табела од која може да забележува дека за 2017 година има 5.890 полиси во цела Македонија. Знаејќи дека во Македонија има 564.296 домаќинства и 68.491 претпријатија Бројката на полиси е многу ниска односно таа изнесува неполни 11 проценти.

Осигурување од земјотрес Договори БПП (во илјади ден.)
2017 5.890 100.827

Време е да се разбуди свеста кај граѓаните и да почнат да ги осигураат своите домови. Освен од земјотреси секој дом, претпријатие, треба да биде осигурано од поплави, пожари и кражби. Цената која ја плаќаме за полисите е незначително мала во споредба со тоа што може да го покрие доколку дојде до нешто од погоре наведеното. Не се мислите дополнително исконтактирајте ги брокерите кои ги знаете или поминете во осигуритлените филијали и одберете ја најдобрата понуда според ваши критериуми и можности.