Личниот багаж задолжително ќе биде осигуран - Bits of insurance

Личниот багаж задолжително ќе биде осигуран

Авионските компании ќе бидат обврзани со закон да го осигураат багажот на патниците и стварите кои ги пренесуваат. Со измените предвидени со Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, кои ги изготви Министерството за финансии (МФ), се утврдуваат права за надомест на штета на сопствениците на багажот и на пратките.

Законските измени уредуваат и обврска за задолжително осигурување на дел од воздухопловите без екипаж – дронови. Со законот се опфаќаат дронови над 5 килограми. На овој начин се заштитуваат граѓаните, доколку се предизвика материјална штета од управување со дронот – стои во изјавата на МФ.

Со овие измени се врши усогласување на Законот со европските регулативи од областа на цивилното воздухопловство.

Измените на Законот ќе бидат ставени на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија – ЕНЕР, на кој сите засегнати страни можат да оставаат предлози и коментари. Министерството за финансии ќе ги земе предвид и внимателно ќе ги разгледа сите сугестии пред пуштање во владина процедура.

Непосредно по објавувањето на веста на социјалните медиуми мислењата се поделени. Голем дел сметаат дека со воведување на задолжителното осигурување на багажат, кое до сега беше опционално, ќе се зголемат цените на летовите кои и така се поприлично високи. Останатите го поздравуваат овој потег поради тоа што честопати им се губел или им се кршеле предмети во личниот багаж и немале осигурување за истиот а сега истото е морално.

Какво е вашето мислење за воведувањето на задолжителното осигурување на личниот багаж и предметите кои се пренесуваат, дали е во ред да се промени од изборно во задолжително и кои би можеле да бидат последиците од истото?