Croatia osiguranje: Нето добивка од 215 милиони куни - Bits of insurance

Croatia osiguranje: Нето добивка од 215 милиони куни

Croatia osiguranje во првото полугодие оствари нето добивка од 215 милиони куни. Тоа е двојно повеќе од минатата година за тој период кога истото изнесуваше 101 милиони куни. Адрис (групацијата под која е Croatia) истакнува дека компанијата останува на водечка позиција во Хрватска со вкупен удел од 31,9 проценти.

Во првото полугодие вкупната бруто полисирана премија изнесува 1,7 милијарди долари кое е за седум проценти повеќе во однос на минатата година.

Во јуни оваа година беа потпишани договори за купување на 100 отсто од акциите на Central Securities и Testing Group во Босна и Херцеговина. Croatia осигурување со оваа постапка стекна вкупен удел на пазарот за полиси од 13 проценти со што станува лидер и во Босна и Херцеговина.