Старите автомобили се како "лешеви" на тркала - Bits of insurance

Старите автомобили се како “лешеви” на тркала

Истражувањето спроведено во Америка го потврди тоа што веќе го знаеме. Новите автомобили се побезбедни од старите, а сега благодарение на истажувањето знаеме колку се побезбедни. NHTSA објави извештај во кој е правена анализа на сообраќајни незгоди базирана на староста на возилата. Покрај општо прифатеното тврдење дека нови автомобили се побезбедни, резултатите од истражувањето се изненадувачки. Имено, автомобил од 1985 година или постар, веројатноста дека луѓето кои се во него ќе погинат во сообраќајна несреќа е двојно поголем во однос на нов автомобил.

Во најмала рака, постарите автомобили се поопасни односно тука важи правилото колку пари ќе платите толку вашиот автомобил е побезбеден. “Ние ги охрабруваме корисниците да купат понови автомобили во согласност со нивните потреби и можности, со што директно би инвестира во сопствената безбедноста”, изјави Хајди Кинг од NHTSA.

NHTSA ги подели возилата според возраст во неколку категории, почнувајќи од оние кои се постари од 1984 година, па тие што се помеѓу 1985-1992 и така натака се до најновите од 2013 година па наваму. 55{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од фаталните несреќи кои вклучуваат смрт на најмалку еден патник се случиле во возила постари од 1985 година. Од друга страна, само 26{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од фаталните несреќи се регистрирани во возила до пет години. NHTSA заклучува дека со староста на возилото се зголемува веројатноста за појава на несреќа.

Ние ќе се соогласиме со фактот дека просечната старост на возилата во Маќедонија секогаш била а по се изгледа и ќе остане двоцифрена, но загрижувачко е тоа што државата речиси и нема начин за потик луѓето да купат нови и побезбедни возила.