Колку македонците се осигуруваат од земјотрес? - Bits of insurance

Колку македонците се осигуруваат од земјотрес?

aso-logo

Во четвртокот беше обележана 55 годишнина од земјотресот кој го разруши Скопје. Во редакцијата на Bits of insurance се запрашавме дали граѓаните си ги осигуруваат своите имоти од земјотрес и покрај тоа што знаат дека Скопје и Македонија се на сеизмичка територија. За да ги добиеме информации ги исконтактиравме од Агенцијата за супервизија во осигурувањето (АСО) и ни ја испратија следната табела со податоци.

Осигурување од земјотрес Договори БПП (во илјади ден.)
2017 5.890 100.827

 

Ова се податоци на цела територија на Македонија за 2017 година. Значи ние и покрај тоа што сме на таква територија не си ги осигуруваме нашите домови, веројатно се водиме по она старото двапати гром на исто место не удира. Знаејќи ја информацијата дека на пописот во 2002 година имавме 564.296 домакинства и дека имаме 68.491 активни претпријатија ова е стварно многу ниска бројка која се надеваме дека за многу брзо ќе се поправи.

Мораме да ги осигураме нашите домакинства и фирми од вакви непогоди, на годишно ниво премијата која се уплаќа е многу пониска од премијата која што може да ја добиете доколку се случи непогода. Затоа упатете се до најблиските филијали, распрашајте се за нивните понуди и одберете ја таа што највеќе ви одговара на вас.