Реконструкција на Скопје по земјотресот - Bits of insurance

Реконструкција на Скопје по земјотресот

На денешен ден пред точно 55 години, земјотрес од 6,1 степени според рихтерова сеизмичка скала го разурнал Скопје. Земјотресот се случил во 5:17 часот и траел 20 секунди, помали потреси се чувствувале до 5:43 часот, а се почувствувал на  50.000 квадратни километри низ должината на реката Вардар. Република Македонија зафаќа површина од 25.713 километри квадратни. Потресот оставил над 150.000 луѓе без покрив над глава. Срушен бил 75-80{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од градот. Дури 15.800 станови  биле срамнети со земја, а имало и 28.000 оштетени. Животот го загубиле 1070 граѓани, имало и над 4000 повредени.

По земјотресот, ОН организирале конкурс за реконструкција на главниот град. Реконструкцијата била реализирана со помош на тогашната југословенска влада, а била помогната од голем број странски држави. Полскиот архитект Адолф Цибровски и грчката архитектонска фирма Доксиадес го нацртале регионалниот план за Скопје. Решението за центарот на градот било оставено за победникот на конурсот  организиран од ОН. Свои решенија понудиле 8 фирми од Холандија, Италија, САД, Јапонија и Југославија. Првото место го освоил Кензо Танге со неговите концепти за Градски ѕид и Градска порта.

Во концептот на Градската порта Танге ги опфатил сите функции на комуникации и деловни операции. Планирано било сите постојни сообраќајни системи да се вкрстат во оваа точка: движењето на железницата, автомобилите, автобусите и пешаците. Железничката станица била планирана како надземна структура. Потоа различните нивоа се вертикално расчленети и дополнети со пешачки зони и паркинзи. Сообраќајниот јазол исто така имал функција на трансформирање на брзиот сообраќај во локален сообраќај.

Градскиот ѕид за Танге претставувал втор одредбен структурален елемент на градот. Со оваа композиција било нагласено централното градско јадро, ситуирано десно од реката Вардар. Градскиот ѕид се состоел од блокови на станбени згради, а помеѓу овие блокови се наоѓале зелени површини, детски игралишта, градини и простори за одмор. Овие елементи биле одвоени од надворешниот сообраќај со цел овозможување на безбедноста.

Oд оригиналниот план изведени се само поштата, Железничката Станица и комплексот банки. Денес земјотресот е далечно минато и нема многу преживеани спомени од истиот. Градскиот часовник чии стрлеки покажуваат точно на 5:17 часот претсавува потсетник за оваа природна катастрофа. Многу луѓе го критикувале планот на Танге бидејќи сметале дека не остава никакво локално наследство.

Денес централното градско подрачје е доста изменето со проектот Скопје 2014. Со овој проект Скопје требаше да ја презапише својата историја како историски град чии корени се од времето на Александар Македонски. Овој проект наиде на многу критики од домашната и меѓународна јавност.

Како историјата ќе пишува за Скопје и неговиот урбанистички план останува да видиме.