Да ја преведеме HelpMark.me на грчки и да им помогнеме на нашите соседи - Bits of insurance

Да ја преведеме HelpMark.me на грчки и да им помогнеме на нашите соседи

За време на поплавата која се случи во 2016 година, тимот на System4Enterprise созададе мобилна апликација со која се олеснуваше координацијата на локалното население каде што беше потребна помош.

Апликацијата – HelpMark.me компанијата сака да ја овозможи и за грчките државјани кои настрадаа во пожарите. За таа цел им е потребен човек кој ќе може да го провери преводот на апликацијата на грчки со цел полесно да можат да се снајдат корисниците. Со преведување на апликацијата ќе се напише и водич за користење на истата.

Доколку не сте се сретнале до сега со оваа апликација, се надеваме дека нема да имате потреба но сепак е добро да ја знаете. Апликацијата е платформа каде имаат можност да се спојат волонтерите и оние кои имаат потреба од помош во погодените области. Апликацијата има за цел да ја покаже хуманитарноста на дело. Како функционира HelpMark.me?

1.Пријави потреба од помош на локацијата на која се наоѓаш.

2.Прегледај каде има потреба и одбери каде ќе помогнеш. Ако избраниот маркер не успееш да го опслужиш во рок од 12 часа, маркерот се враќа во статус “потребна помош”.

3. Во моментот кога потребата ќе е опслужена, маркерот се брише од мапата. Тоа може да се направи само од локацијата каде маркерот е поставен.

HelpMark.me можете да ја симнете директно на вашиот телефон преку Google Play Store.

Доколку сакате да ја проверите грчката верзија може да ја спуштите на следниот линк.