Силно невреме во Прилеп - Bits of insurance

Силно невреме во Прилеп

Силно невреме го зафати Прилеп, проследено со пороен дожд и град им направи големи штети на земјоделските култури. Општинската комисија излеже да направи увид и според првчните проценки зафатени се 300 хектари каде што во целост се уништени површините со тутун, пиперки и житни култури.

Комисијата ги повикува земјоделците кои имале штета да почнат истата да ја пријавуваат. Комисијата најави дека повторно ќе излезе на терен да ги видат повторно штетите.

Се надеваме дека земјоделците имале осигурување и дека штетата која ја претрпеле ќе се им се амортизира. Очекуваме комисијата да искочи со информација за големина на настанатата штета.