Продадени акции од две банки - Bits of insurance

Продадени акции од две банки

Повторно се продаваат акции од банките. Овој пат во блок-трансакција вредна 1,1 милион денари на Македонската берза се продадоа 453 акции од УНИ Банка АД Скопје. Акциите се продадоа по цена од 2.460 денари за акција.

Исто така, преку Македонската берза беа продадени 1 557 акции од ТТК Банка. Вредноста на една акција во продажбата изнесувала 980 денари. Станува збор за една блок трансакција со вкупна вредност од 1,5 милиони денари. На почетокот на овој месец, беа продадени 1 000 акции на банката, во блок трансакција вредна 1 030 000 денари. Една акција чинеше 1 030 денари.