Facebook добронамерен или со скриена намера - Bits of insurance

Facebook добронамерен или со скриена намера

Фејсбук со својата иницијатива: Internet.org, има за цел да воспостави интернет насекаде во светот, со главен фокус на најзафрлените населени места, земјите во развој и места на кои поставувањето на инфраструктура за интернет не е исплатливо.

За овaa цел се обидoa да развиjaт беспилотни соларни летала (Aquila) кои со месеци би можеле да кружат на небото и да служат како предаватели, но спорпед информациите кои кружат на интернет од овој проект неодамна се откажаа. Сега, се насочени кон идеата за телекомуникациски сателити со кодно име Athena.

Засега се работи за истражувачки проект кој има за цел во иднина да лансира цела мрежа на интернет сателити во Земјината орбита. Сличен проект има SpaceX, со кодно име Starlink и нивната цел е со помош на сателити да ја покие целата земја со безжичен интернет. Кој ќе биде побрз во целта ќе почекаме да видиме.

Според сегашните планови, првиот сателит би требало да биде лансиран на почетокот од следната година.

Останува прашањето дали компанијата на Цукерберг ова сака да го направи со цел интернетот да стане достапен за сите и сите да имаат исто право на користење или ова е уште еден начин за шпионирање и зголемување на базата на податоци за тие региони кои им фалат. Дали безбедноста на личните податоци е повторно начната?