Претседателот на КХВ М-р Нора Алити учествуваше на работниот состанок на Советот за развој на пазар на капитал - Bits of insurance

Претседателот на КХВ М-р Нора Алити учествуваше на работниот состанок на Советот за развој на пазар на капитал

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити учествуваше на работниот состанок на Советот за развој на пазар на капитал што се одржа во Министерството за финансии.

Со Советот за развој на капитал претседава министерот за финансии Драган Тевдовски,  а  можноста за воведување  на краудфандинг како начин за финансирање во Македонија  беше една од темите за кои се дискутираше  на Советот.

Како што беше истакнато  , примената на краудфандинг, односно концептот на прибирање на средства од поголем број инвеститори за финансирање на компании, ќе придонесе за поголем и полесен пристап до капитал за малите и средни претпријатија, особено за стартапите. Инаку, веќе постојат успешни примери за краудфандинг во регионот, како Хрватска, која преку естонска платформа успешно собира средства за инвестиции во проекти.

На Советот беше посочено дека краудфандингот е значаен и од аспект на тоа што друштвата кои бараат средства мора да имаат регистрирано компании, како и дека финансирањето се одвива преку банкарските канали.

Во Советот за развој на пазарот на капитал, членови се гуверенерот на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерката без ресор Зорица Апостолска, министерот за економија Крешник Бектеши, претседателите и директорите на регулаторните тела – на Комисијата за хартии од вредност, на Агенцијата за супревизија на осигурување, на МАПАС и на Македонска берза.