Голем број пожари во Грција - Bits of insurance

Голем број пожари во Грција

Во Грција дивеат пожари во областа околу Атина. Бројката на потврдени жртви од пожарите за сега е 49 лицa, бројот на жртви може да порасне во секој момент, додека бројот на повредени е повеќе од 150 лица, од кои 11 се во критична состојба.

Меѓу повредените има 16 деца, но не се во животна опасност. Голем број од луѓето бегале кон морето но најчесто неуспешно поради големата зафатеност на областа од пожарите. Крајбрежната полиција и рибарите одиграле голема улога со тоа што спасиле повеќе од 700 луѓе кои ги земале од обалата и ги пренеле на сигурна локација.

Ставрула Малири, портпаролката на противпожарна служба, упати апел до граѓаните да пријават доколку некој од нивните блиски е исчезнат. Првичните претпоставки се дека пожарите се подметнати, истовремено се појавиле пожари на 15 различни локации. Тоа е малку веројатно дека може да се случи.

Во изминатото деноноќие, во Грција беа регистрирани 47 пожари. 

По расчистување на остатоците од пожарот очекуваме информација колкава е настанатата штета.

За сега исто така нема информации дали имало македонски државјани кои настрадале или биле повредени.