Централна Кооперативна банка АД Скопје вработува - Bits of insurance

Централна Кооперативна банка АД Скопје вработува

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на пет лица за работно место Соработник за клиентска услуга во Филијала Скопје.

Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

За ова работно место предвидена е основна почетна нето плата од 18.000 мкд., како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:

–          Најмалку високо образование од областа на економските науки;

–          Солидно познавање на англиски јазик;

–          Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да поседува:

–          Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;

–          Одлични комуникациски способности;

–          Позитивен приод кон работата;

–          Висок степен на прецизност.

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk со назнака: „За оглас – Соработник за клиентска услуга“.

Огласот ќе биде активен заклучно со 29.07.2018 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.