Ergo се повлекува, Allianz ќе работи преку Хрватска во Словенија - Bits of insurance

Ergo се повлекува, Allianz ќе работи преку Хрватска во Словенија

“Ве информираме дека Allianz осигурување Љубљана, ќе престане со продажба на сите видови на осигурување од 1 јули 2018 година” стои во известувањето но напоменуваат дека  обврските од склучените договори за осигурување ќе се исполнат во целост преку нивните соработници.

Allianz објасни дека Allianz Унгарија, преку кое во Словенија управуваше подружницата, нема планови за понатамошна работа во земјата, но ќе ги исполни сите обврски што произлегуваат од склучените полиси во изминатиот период додека беа активни на пазарот, и оваа одлука нема да влијае на плаќањето на премијата, според словенечкиот весник Finance.

Сепак, иако во одговорот на компанијата се вели дека Унгарскиот Allianz ќе биде обврзан само за постојните договори, Allianz Group ќе остане во Словенија преку другата компанија од својата групација. Имено Allianz веќе е присутна во Словенија преку Хрватска подружница која ги има истите канцеларии, на иста адреса како унгарска компанија. Хрватска е подружница регистрирана на 14 мај оваа година. Од Словенечката банка за финансии, го поставија прашањето дали планот е хрватска компанија да ја преземе работата на унгарскиот огранок на Allianz, но одговорот на тоа прашање сеуште се очекува и времето ќе покаже самото.

Примија на Allianz осигурување во Словенија:
Според неофицијалните, но веродостојни информации, Ergо осигурување во Словенија во сопственост на Минхен Ре, исто така, ја напушта Словенија. Ерго се извлекува од целиот регион (веќе ја има напуштено Хрватска), но исто така ќе ги напушти Словенија, Унгарија, Романија, Словачка и Чешка. Тие планираат да се повлечат од сите помали и далеку помалку профитабилни пазари.
Премија на Ergо осигурување во Словенија:
Вкупната бруто премија за минатата година во Словенија изнесуваа 2,19 милијарди евра, што претставува зголемување од 6,2{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} во однос на претходната година, пишува Finance.  Долниот графикон ги прикажува пазарните удели на осигурителните компании до крајот на мај:

Пазарен удел на осигурителните друштва: