Бизнисот бара законот за парење пари да се пролонгира - Bits of insurance

Бизнисот бара законот за парење пари да се пролонгира

Бизнис заедницата е едногласно за пролонгирање на законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот. Тие не се против законот, но нагласуваат дека не е во согласност со Дирекцијата за спречување на злоупотреба на финансискиот систе.

Тие даваат пример дека ново формираните компании ќе имаат најголем проблем со овој закон, односно дека доколку сакаат да купат некаков апарат за домакинство што чини над 2.000 евра (120.000 денари) нема да можат тоа да го направат со плаќање во готовина.

Ваквата структура ќе има негативно влијание врз бизнисот во земјава. Казните за законите се преголеми, тие се движат од 5.000 па се до 80.000 евра.

Проблемот во законот за нив е тоа што организаторите на игри за среќа и натаму не се обврзани да ги искпаќаат добивките пркеу банкарски сметки, што остава пак простор за перење пари и финансирање на тероризмот во Македонија.

Освен тоа законот не е во соогласност со регулативата на ЕУ каде што се дозволува плаќање со готовина до 10.000 евра.