Осигурителниот сектор е "плодна почва" за блокчеин технологијата - Bits of insurance

Осигурителниот сектор е “плодна почва” за блокчеин технологијата

Една од најголемите агенции за проценка на кредитен рејтинг, Фитч рејтингс, вели дека осигурувањето е плодна почва за можностите на блокчеин технологијата, која ќе го примени текот на индустирјата на долг рок.

Големиот број на сложени трансакции помеѓу осигурителните компании може да се решат со блокчаин теоретски. Тоа значи намалување на трошоците, подобрување на брзината на трансакциите, намалување на измамата. Преку опотребата на блокчеин, на глобалната индустрија од осигурителниот секторможе да ѝ донесе заштеди помеѓу 15 и 30 проценти на тековните годишните трошоци, според податоците од Прајсвотерхаус Куперс и Б3и. Од Фитч ја потврдуваат нивната теза.

Сепак, се уште постои ниво на несигурност кон блокчеин. Прашањето за тоа кога и во колкава мера ќе се применува технологијата во осигурувањето остануваат и понатаму неодговорено.

“Дел од предизвиците се и инвестициските трошоци, бидејќи се неизвесни во однос на придобивката, но постојат и голем број на правни, регулаторни и безбедносни прашања кои што треба да се решат за да добие блокчеин на широката примена и усвојување од сите страни. Во моментов не постои причина, што бара брза имплементација блокчеин”, изјавуваат од Фитч.

Некои позначајни осигурителни компании веќе ги впуштаат своите корени во блокчејнскиот базен на пример минатиот месец брокерскиот гигант Марш откри дека работи на комерцијално решение за докажување на штети заедно со IBM, ACORD и  ISN, додавајки дека гледа одлична можност во користење на технологијата.

Блокчеинџот може да ја подобри ефикасноста и да ја намали стапката на измама во индустријата, во иднина може да креира потенцијал за поединци да можат да “отстапат” од осигурителот. “Имајќи ги овие јавни дигитални податоци, блокчеин на долг рок ќе им даде можност на сите за дирекно правење на осигурување”, изјави Џастин Батлер, директор на исплати за осигурување во Хипервелт, за Иншуранс бизнис. “Далеку сме од тоа, но мислам дека на долгорочен план постои поголема способност за тоа. Ова ќе им овозможи ценовно ефективно осигурување на лицата кои сакаат сами да управуваат со нивните сопствен ризик без традиционалните осигурување”.