Децата кои беа зазглавени во пештерите сакаат да станат нуркачи - Bits of insurance

Децата кои беа зазглавени во пештерите сакаат да станат нуркачи

Тренерот на младите фудбалери кои заедно беа заглавени во пештерата во Тајланд, Екапол Чантавонг, на прашање што научил од драмата која се случуваше, изјави: „Ги ценам сите кои помогнаа, следениот пат ќе се осигурам дека е безбедно нештото пред да го направам“.

Неколку денови пред да се случи несреќата, тој на својот Фејсбук профил, напиша дека ќе ја истражува пештерата, заедно со дел од децата од фудбалскиот тим, кои исто така никогаш претходно не ја виделе претходно.

„Ова е досегашно мое најголемо животно искуство, кое ме научи на трпение, смиреност и никогаш да не се откажувам“, изјави Титан, најмладиот член на фудбалскиот тим.

По првичното зголемување на нивото на водата во пештерата, дел од тимот веруваше дека ќе излезат многу брзо. Но, тоа се случи по цели 17 дена.

„Многу сум среќен што мојот син излезе жив од пештерата, исто така важно е што нема пострауматски последици“, изјави таткото на 16-годишниот Најт.

Децата, стигнаат на прес конференцијата смеејќи се, на конференцијата ги кажуваа нивните желби за во иднина, интересно е што некои од нив изјавија дека сакаат да станат нуркачи кога ќе пораснат.

По оваа драма, тајландските власти размислуваат да им доделат државјанство на тренерот и на три деца од тимот, кои сега немаат статус на државјани.

Во продолжение може да го погледнете видеото од прес конференцијата.