Централна Кооперативна банка АД Скопје вработува - Bits of insurance

Централна Кооперативна банка АД Скопје вработува

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице заинтересирано за работно место Соработник за банкарски услуги на правни лица во Дирекцијата за банкарски услуги на правни лица во Скопје на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на работниот однос на неопределено време.

Работното место воглавно ги опфаќа следниве активности:

–          исполнување на поставени месечни и квартални цели поврзани со продажба на производите на банката наменети за правни лица;

–          кредитна и финансиска анализа на примени барања за кредити;

–          тековна анализа на пазарот и конкуренцијата;

–          извршување на теренски промотивни и продажни активности;

–          координација и подршка на продажната мрежа во промотивни и продажни активности;

–          контрола на активности на продажната мрежа поврзани со продажби и промоции и сл.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

За ова работно место предвидена е основна нето плата од 25.000 до 35.000 денари во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот, со можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:

–          Најмалку високо образование од областа на економските науки;

–          Минимум 3 години релевантно работно искуство од областа на продажба на банкарски производи;

–          искуство во кредитрањето на правни лица во други банкарски институции ќе се смета за предност.

Избраниот кандидат треба да поседува:

–          Развиени односи со деловни клиенти;

–          Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;

–          Самомотивираност и способност за самостојно работење;

–          Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите;

–          Добри аналитички способности и одлично познавање на финансиски извештаи  и сметководствени стандарди;

–          Висок степен на прецизност;

–          Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;

–          Добри комуникациски и продажни вештини;

–          Способност за работа со утврдени временски рокови и однапред дефинирани таргети;

–          Можност и афинитети за работа на терен;

–          Солидно познавање на англиски јазик;

–          Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;

–          Возачка дозвола „Б“ – категорија.

Доколку сакате да станете дел од успешен тим, Вашите кратки биографии заедно со пропратно писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: hr@ccbank.mk со назнака „За оглас – Соработник за банкарски услуги на правни лица“.

Огласот ќе биде активен заклучно со 29.07.2018 година.