Заврши третата пливачка школа на Еуролинк - Bits of insurance

Заврши третата пливачка школа на Еуролинк

Вчера на градскиот базен во Кавадарци се одржа завршниот час од треттата по ред пливачка школа за оваа година „Пливај и уживај“, организирана од Еуролинк осигурување. Поаѓајќи од минатогодишното позитивно искуство, каде што пливачката школа беше организирана во три града, и оваа година Еуролинк осигурување ја продолжи традицијата, организирајќи ги пливачките школи во Скопје, Струмица и во Кавадарци.

Сто и четириесет деца на возраст од 8 до 12 години успешно ги совладаа четирите техники во пливањето без помош на пливачко помагало – пловка. Наставата на часовите се реализираше по УССВИМ програмата, под раководство на проф. д-р Наташа Мешковска и нејзиниот тим, во реализација од 8 до 10 часа. За прв пат оваа година пливачките школи беа адаптирани и за деца со оштетен слух и вид, како и за деца со Даунов синдром. На завршниот час од секоја школа на учесниците им беше доделена диплома за успешно завршена пливачка школа. 


На наше големо задоволство, и оваа година интересот за пливачките школи беше голем, а децата, покрај тоа што научија да пливаат, создадоа и нови пријателства и се стекнаа со ново искуство, со надеж дека некои од нив ќе започнат и професионално да се занимаваат со овој спорт. Со вистински вредности до здрави, среќни и успешни деца.


Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.